По синоќешните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден, официјален Кремљ ја осуди американската „хистерија“ околу Украина, прецизирајќи дека двајцата претседатели одлучиле „контактите да продолжат“.

Хистерија го достигна својот врв, изјави дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, но додаде дека „претседателите се согласиле да продолжат со контактите на сите нивоа“.

Ушаков кажа дека во последните денови и последните часови „ситуацијата е доведена до апсурд“ и додаде дека телефонскиот разговор Путин-Бајден „бил доста избалансиран и професионален по природа“.

Белата куќа ја претставува руската инвазија на Украина како прашање на ден, тврдејќи дека Русија распоредила повеќе од 100.000 војници на границите на Украина и дека спроведува маневри во Црното Море и Белорусија, де факто околу својот прозападен сосед.

Западот бара Русија да испрати сигнал за смирување на тензиите, која, пак, бара НАТО да не се шири во ова подрачје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.