Рускиот претседател е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со претставници на Украина, соопшти денеска Кремљ по телефонскиот разговор на Владимир Путин со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Путин му рекол на Си дека руската воена операција во Украина е неопходна за заштита на луѓето од „геноцид“, соопшти Кремљ, обвинување што Западот го нарекува неоснована пропаганда.

Кремљ соопшти дека Си ги почитува дејствијата на Русија и дека е подготвен за блиска координација и взаемна поддршка во Обединетите нации, каде и двајцата имаат постојани членки на Советот за безбедност со право на вето.

Кинеската новинска агенција Синхуа по телефонскиот разговор лиферуваше само кусо соопштение. „Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека кинеската страна ја поддржува руската страна во решавањето на проблемот преку преговори со украинската страна“, пренесе Синхуа.

На 25 февруари, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека е подготвен да разговара за неутралниот статус на Украина, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Тој вели дека уште на почетокот Путин кажал дека „целта на операцијата е да им се помогне на ДНР и ЛНР, вклучително и преку денацификација и демилитаризација на Украина. И ова, всушност, е составен дел на неутралниот статус, рече Песков, пренесува руската државна агенција ТАСС.

Во овој контекст, како одговор на предлогот на Зеленски, Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на ниво на претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и претседателската администрација за преговори со украинската делегација.

Според портпаролот на Кремљ, белорускиот претседател Александар Лукашенко го уверил Путин дека Минск ќе биде подготвен да ги создаде сите неопходни услови за разговори меѓу Украина и Русија. Тој изразил подготвеност да ги создаде сите неопходни услови за пристигнување на делегации, обезбедување на нивниот имунитет и безбедност и одржување на изјави по преговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.