Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ.
Во повеќе наврати рековме дека северноатлантската Алијанса останува оружје насочено кон конфронтација и дека нејзиното натамошно ширење нема да му донесе стабилност на европскиот континент – одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за можниот влез на Шведска и на Финска во НАТО.
Претходно денеска, лондонскиот Тајмс, повикувајќи се на свои извори, објави дека прво Финска би можела да поднесе барање за членство во јуни, а потоа и Шведска, јави ТАСС.
Според извори на руската агенција, владите на Шведска и Финска, соработувале на постигнување консензус за ова прашање, меѓутоа, конечна одлука ќе донесе независно, секоја држава сама за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.