Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва.

Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.