Официјален Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин поддржува дипломатија и разговори за тензиите околу Украина, додавајќи дека Москва смета оти е позитивен знак за подготвеноста на американскиот претседател Џо Бајден за дијалог.

Претстојните разговори ќе бидат многу тешки и ќе бараат „голема флексибилност од двете страни, како и политичка волја – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Русија, тие треба да доведат до промена на безбедносната структура во Европа.

Кремљ, исто така, го поздрави директното обраќање на Бајден до руските граѓани.

Официјална Москва ја негираше одговорноста на Русија за кибер нападите врз украинското Министерство за одбрана, армијата и две банки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.