Владејачката Комунистичка партија во Кина наредниот месец ќе изврши промени во Уставот за време на реконструкција на раководството, што се одржува во текот на пет години. Потегот, според некои аналитичари, може да го консолидира авторитетот и власта на претседателот Си Џинпинг во рамки на партијата.

Политбирото разговарало за нацрт-амандман на уставот на партијата на средба предводена од Си, објави денеска државната новинска агенција Синхуа, без да ги специфицира промените.

На конгресот што започнува на 16 октомври, се очекува Си да обезбеди трет петгодишен мандат, зацементирувајќи го својот статус како најмоќниот кинески лидер, уште од Мао Це Тунг, основач на Народната Република.

Уставот на партијата последно беше изменет во 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.