Додека траат борбите во Украина, во земјата има голем број странски новинари.

Дел од нив беа придружувани низ Киев со градоначалникот, Виталиј Кличко, кога на порсанешниот светски боксерски шампион, во разговорот со новинарите во живо му се испушти една сочна пцовка.

Еден новинар кажа дека „Путин вели дека се ракетираат само воени цели“, по што Кличко веднаш го прекина со свој коментар.

Тоа е ср*ње – опцу Кличко, по што успеа да се смири.

Каде гледате тука воена цел? Дали оваа зграда ви изгледа како воена цел? – праша Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.