Федералната канцеларија за цивилна заштита во Германија предупреди на прекини на електричната мрежа во јануари и февруари.

Шефот на германската федерална служба за цивилна заштита, Ралф Тислер, ги повика сонародниците да складираат вода и конзервирана храна, бидејќи во текот на јануари и февруари ќе има масовни прекини на струјата.

Мора да претпоставиме дека ќе има прекини на струја во зима. Кога го велам тоа мислам на регионални и привремени прекини на струја. Причината нема да биде само недостатокот на енергија, туку и насочените привремени исклучувања на мрежата со цел да се заштити мрежата и да не се загрози целокупното напојување – рече тој во интервју за „Велт ам Зонтаг“, нагласувајќи дека најлошите месеци ќе да бидат јануари и февруари.

Според него, локалните власти во многу германски општини развиле прецизни планови и обезбедиле генератори и се подготвени за можноста за ограничување на електричната енергија, но некои се во многу полоша ситуација.

Очекуваме краткорочни исклучувања, не долгорочни и големи, но треба да се подготвиме и за тоа – рече Тислер и препорача граѓаните да подготват залихи на вода и конзервирана храна кои би биле доволни за десет дена, како како и радија и свеќи на батерии.

Германија се соочува со можни рестрикции на електрична енергија поради намалувањето на испораките на гас од Русија. Иако Германија имаше намера постепено да се ослободи од енергетската зависност од Русија, протокот на руска енергија беше намален многу порано од планираното поради санкциите поради војната во Украина и саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2. Иако складиштата на гас се речиси полни, експертите се загрижени дека тие залихи нема да траат до крајот на зимата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.