Најмалку 11 ракетни проектили биле испукани од Кина кон Тајван и паднале во водите во тајванскиот теснец.
Тајванските власти потврдија дека проектилите завршиле во морето и дека “не посакуваат војна, но се подготвени”.
Во меѓувреме поради воената вежба на кинеската армија придружена од воени летови, над 40 цивилни летови од Тајван се откажани.
Тајванската влада соопшти дека веб сајтовите на официјален Тајпеј како и компјутерски системи се под силен информатичко-хакерски напад за што преземаат одбранбени мерки.
Кина потврди дека се користени ракети во воената вежба. Станува збор за проектили од типот “Донгфенг” кои биле истрелани во правец на кинескиот остров Матсу кои се дел од територија на вежбата на кинеската армија.
Ракетирањето во неколку бранови траело два часа. На кинеските социјални мрежи е објавено видео најверојатно од плажите на Танан заливот во источна Кина.
Videos now surfacing on #China‘s social media of alleged artillery & missile launches towards the #Taiwan strait #ChinaTaiwanCrisis pic.twitter.com/CWF7dA96vJ
— Damien Symon (@detresfa_) August 4, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.