Италија планира да одобри нов пакет помош, вреден 14,3 милијарди евра, чија цел е да ги заштити компаниите и домаќинствата од наглиот пораст на трошоците за енергија и цените на производите за широка потрошувачка.

Предложениот пакет мерки се планира со цел намалување на сметките за струја и гас за домаќинствата со ниски приходи до четвртиот квартал од оваа година, како и намалување на т.н. давачка за „системски трошоци“.

Италијанската влада сака да го прошири кругот на оние со ниски и средни примања на кои би им исплатила бонус од 200 евра, а планирано е да го продолжи и намалувањето на акцизите за моторното гориво од 21 август на 20 септември.

Италија во втората половина од годинава ќе одвои 1,6 милијарди евра за намалување на даночното оптоварување на платите за вработените со годишен приход помал од 35.000 евра, а со цел да се поддржи куповната моќ на постарата популација. Владата ќе ги зголеми пензиите за 2 отсто веќе од четвртиот квартал на 2022 година наместо претходно планираното во јануари 2023 година, што државната каса ќе ја чини околу 2,4 милијарди евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.