Портпаролот на кинеското министерството за одбрана, по средбата меѓу министерот за одбрана и неговиот американски колега во Сингапур, порача дека Кина нема да се двоуми да почне војна доколку Тајван прогласи независност.

Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту за момент да почне војна, без разлика колкава е цената – порача Ву Џијан, пренесувајќи ја изјавата на министерот за одбрана Веи Фенге за време на состанокот со американскиот колега Лојд Остин.

Како што пренесува Бета, двајцата министри се спречкале за време на средбата во Сингапур. Кинезот најавил дека ќе го „скрши“ секој обид на Тајван за независност, додека американскиот министер ја повика Кина да престане со дестабилизација на островот со сопствена самоуправа.

На состанок во Сингапур за време на безбедносен форум, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рекол на својот кинески колега дека Пекинг треба да „се воздржи“ од каква било нова дестабилизирачка акција против Тајван, соопшти Пентагон.

Според кинеското Министерство за одбрана, Пекинг ќе го „скрши на илјада парчиња“ секој план за прогласување независност на Тајван.

Кинескиот министер му реагирал на американскиот колега во Сингапур за американската продажба на најновиот пакет оружје на Тајван и предупредил на можен конфликт околу тој остров, кој Кина ја смета за своја територија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.