Западна воена опрема што била испорачана во Украина веќе се појави на црниот пазар и била пренасочена на Блискиот Исток, односно во Идлиб во Сирија, соопшти главниот делегат на Русија во преговорите за воена безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, пренесе „Ројтерс“.

Гаврилов предупреди опти постои ризик дека надвор од конфликтните зони во Украина ќе се најде и друго лесно вооружување, особено американскиот ракетен фрлач „Џавелин“, преносливиот систем за воздушна одбрана „МАНПАДС“, како и испорачаното противтенковско оружје.

Постојат докази дека ова оружје веќе се појавило на црниот пазар и се доставува на Блискиот Исток, особено во Идлиб – изјави главниот руски делегат во преговорите за воена безбедност и контрола на оружјето во Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.