Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за победата на претседателските избори, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Новинската агенција објави дека Ким „испратил честитки“ до претседателот Путин и дека „амбасадорот на Северна Кореја во Русија, Шин Хонг-Чул, ќе ги достави честитките до руското Министерство за надворешни работи“.

Двајцата лидери ја истакнаа повеќеслојната соработка меѓу двете земји на минатогодишниот самит Северна Кореја-Русија, каде, како што јави КЦНА, ги покажаа своите блиски односи и покрај загриженоста на меѓународната заедница.

Владимир Путин v;era извојува убедлива победа на претседателските избори во Русија, освојувајќи 87,34 отсто од гласовите врз основа на 98 отсто од преброените ливчиња, со што обезбеди петти мандат на функцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.