Проруските сили соопштија дека денеска уште 50 луѓе се евакуирани во саботата од челичарницата Азовстал во Мариупол, каде стотици цивили со недели се заробени заедно со украинските борци криејќи се во подземните мрежи и тунелите под фабриката од советскиот период.

Штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Донецка Народна Република објави на Телеграм дека се евакуирани вкупно 176 цивили од челичарницата.

Заменичката на украинскиот премиер пак, Ирина Верешчук, нешто подоцна се огласи исто така на оваа социјална мрежа и објави дека во Азовстал повеќе нема жени, деца и постари лица. Сите се евакуирани.

Околу 50 цивили вчера се преместени во прифатен центар на територијата на Донецк, чии сили се борат заедно со руските за да ја прошират својата контрола над големите делови од источна Украина.

Мариупол го доживеа најразорното бомбардирање во десетонеделната војна. Фабриката Азовстал стана последното упориште на градот за украинските борци, кои се уште им даваат отпор на Русите во обидот да го заземат целиот град.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.