Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска предупреди дека последиците од планираниот пакет санкции на Европската унија за руските фосилни горива ќе бидат како „нуклеарна бомба“ за енергетската безбедност и економијата на Унгарија.

Сијарто на Фејсбук напиша дека „бриселскиот пакет“ би значел дека цената на горивото ќе скокне на 700 форинти за литар, што е 1,83 евра, а на дизелот на 800 форинти, што е 2,09 евра.

Тој нагласи дека Унгарија нема да поддржи ваков пакет санкции, пренесе унгарската агенција МТИ.

Нема да дозволиме Унгарците да ја платат цената на војната, рече Сијарто.

Британските медиуми вчера јавија, цитирајќи три неименувани извори од ЕУ, дека Европската комисија предложила промени во планираното ембарго на руската нафта во обид да ги придобие земјите-членки кои велат дека не можат да го поддржат предлогот.

Изменетиот предлог се однесува на давање повеќе време на Унгарија, Словачка и Чешка да се прилагодат на ембаргото и давање помош за подобрување на нивната нафтена инфраструктура, наведоа извори од ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.