Катарското Министерство за здравство ја одобри употребата на вакцината на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од пет до 11 години, соопштија денеска катарските власти.

Претходно во ноември минатата година, заливските држави Бахреин и Саудиска Арабија дозволија употреба на вакцината на Фајзер против Ковид-19 за итна употреба кај деца од истата возрасна група.

Дозата за деца е една третина од дозата дадена за возрасни, односно 10 микрограми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.