Карневалот во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на корона вирусот.

Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој истакна дека е практично неизводливо да се одржи уличниот карневал додека важат мерките за корона вирусот и ограничувањата за влез на уличната прослава за која се регистрирале стотици групи.

Во текот на четирите дена од последниот карневал, што се одржа 2020 година, повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците.

Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат.

Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со корона вирус. Околу 618.000 луѓе починаа по компликации со Ковид-19. Само САД бележат поголем број на смртни случаи од оваа јужноамериканска земја.

Како што напредуваше кампањата за вакцинација во Бразил, бројот на нови смртни случаи нагло се намали. Речиси 70 отсто од бразилското население сега е целосно вакцинирано. Откако на почетокот на декември беа откриени првите инфекции со новата варијанта Омикрон во земјата, бројот на позитивни случаи повторно порасна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.