Канадското Министерство за национална одбрана соопшти дека Израел не стои зад нападот на 17 октомври врз болницата Ал Ахли во Газа.

Анализата спроведена независно од канадската разузнавачка команда покажува, со висок степен на сигурност, дека Израел не ја нападнал болницата Ал Ахли на 17 октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Нападот е поверојатно предизвикан од залутана ракета истрелана од Газа, заклучи Министерството за одбрана, врз основа на анализа на отворени извори и доверливи информации.

Наодите на Канада се слични на оние на Франција и САД. Канада соопшти дека нејзината проценка се заснова на анализа на штетите од експлозијата во болничкиот комплекс, вклучувајќи ги соседните згради и областа околу медицинската установа, како и моделот на патеката на летот на проектилот.

Палестинските власти соопштија дека 471 лице загинало во вторникот во експлозијата во болницата Ал Ахли.

Министерството за здравство на Газа го обвини израелскиот воздушен напад, додека Израел рече дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на милитантите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.