Јужнокорејската војска соопшти дека за првпат успешно лансирала вселенска ракета со цврсто гориво, потег за кој се смета дека ќе помогне конечно да се стават сателити во орбита за подобро следење на заканите како што е Cеверна Кореја.
Лансирањето е прв таков тест откако Сеул и Вашингтон минатата година се договорија да стават крај на децениските ограничувања на развојот на балистички ракети во Јужна Кореја, а доаѓа помалку од една недела откако Cеверна Кореја го изврши најголемиот ракетен тест до сега.
Успехот на пробното лансирање на оваа вселенска ракета на цврст погон е важна пресвртница во зајакнувањето на одбранбените способности на нашиот независен капацитет за набљудување и извидување на вселената во многу важен момент – соопшти Министерството за национална одбрана на Јужна Кореја, споменувајќи го минатонеделниот тест на интерконтинентална балистичка ракета на Пјонгјанг.
Во соопштението се додава дека министерот за одбрана го набљудувал лансирањето на ракетата, која е развиена „целосно со корејска технологија“.
Во октомври, Јужна Кореја го изврши првото пробно лансирање на ракетата „Нури“ на течно гориво, што беше првата домашно произведена вселенска ракета.
Како што беше најавено тогаш, првото лансирање на ракетата во нејзините три фази функционирало добро, како и одвојувањето на товарот, но поставувањето во орбитата на објектот што требаше да го претставува сателитот остана неисполнета мисија.
За разлика од ракетата „Нури“, која се напојува со течно гориво, ракетата со цврсто гориво, како оваа што е најново тестирана, е поедноставна, поевтина за развој и производство и побрза за лансирање, онјаснуваат од јужнокорејското Министерство за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.