Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повика на воздржаност во оценувањето на исходот од преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул.

Да бидеме внимателни во оценувањето на некои од заземените позиции“, рече Столтенберг во интервју за францускиот весник „Монд“, коментирајќи ја најавата на Русија дека драстично ќе ги намали воените активности во областа околу Киев и Чернигов.

Столтенберг смета дека Руската Федерација ги потценила можностите на украинскиот отпор и ги преценила сопствените сили, наведува РИА Новости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.