Поранешниот италијански премиер и лидер на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони стана ѕвезда на ТикТок откако неговото прво видео беше прегледано повеќе од три милиони пати.

@silvio.berlusconi Salve ragazzi, ci siamo incontrati per la prima volta su #TikTok, che per quanto mi riguarda avrei preferito chiamare Tik Tok Tak. Cosi è più completo! Vi ho detto che vi avrei intrattenuti su argomenti che possono riguardarvi da vicino. Ma ho pensato anche che per mantenere i rapporti con gli altri bisogna tendere alla massima cordialità. Uno degli strumenti per arrivare a farlo sono le #barzellette, perchè sono terapeutiche. Poi penseremo a parlare di programmi. Tik Tok Tak! #silvioberlusconi #berlusconi #forzaitlia🇮🇹 ♬ suono originale – Silvio Berlusconi

Охрабрен од успехот на оваа социјална мрежа, харизматичниот Берлускони објави ново видео во кое раскажува шега за себе, за претседателите на САД и Русија и за Папата.

@silvio.berlusconi Ciao ragazzi, eccomi qua. Vi do il benvenuto sul mio canale ufficiale #Tiktok per parlare dei temi che più stanno a cuore a Forza Italia e al sottoscritto e che vi riguardano da vicino: parleremo e discuteremo del vostro #futuro Vi racconterò di come vogliamo rendere l’#Italia un Paese che possa darvi nuove opportunità e la possibilità di realizzare i vostri sogni. Ci rivediamo presto su TikTok ! #silvioberlusconi #berlusconi #elezioni #forzaitalia🇮🇹💪❤️ #politica #giovani ♬ suono originale – Silvio Berlusconi

Авион лета преку Атлантикот, а во авионот се Џо Бајден, Владимир Путин, Силвио Берлускони, Папата и неговиот млад помошник. Во еден момент пилотите сфаќаат дека ќе останат без гориво и дека авионот ќе се урне за пет минути, ја почнува својата шега Берлускони.

Тој понатаму продолжува со шегата.

Тогаш дознаваат дека во авионот има само четири падобрани за петте патници. Џо Бајден го фаќа првиот и вели: „Овој е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Запад“. Владимир Путин зема друг и вели: „Ова е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Истокот“. Силвио Берлускони чекори и вели: „Овој е за мене затоа што сите знаат дека сум најпаметниот политичар на светот!“

 

Младиот помошник на Папата се врти кон папата и му го дава преостанатиот падобран. Папата, го отфрла со коментар дека живеел долг и среќен живот и му вели на помошникот да го земе.

 

На тоа неговиот помошник одговара: „Останаа два падобрана затоа што најпаметниот политичар на светот се фрли со мојот ранец – смеејќи се Берлускони ја заврши својата шега.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.