„TikTok“ планира да објави нова апликација за споделување фотографии за да биде конкурент на „Instagram“.

Во известувањето испратено до корисниците, „TikTok“ вели дека се подготвува да објави нова апликација за споделување фотографии наречена „TikTok Notes“.

„TikTok Notes“ ќе ги споделува постоечките и идните објави на „TikTok“ со фотографии, а на корисниците ќе им биде понудена опција да се одјават од услугата.

„TechCrunch“ забележа нов „URL“ – „photo.tiktok.com“, кој накратко се појави на интернет за да ја отвори апликацијата „TikTok Notes“. Според она што беше видливо, корисниците ќе имаат можност и да креираат натписи за фотографиите.

„TikTok“ вели дека истражува начини да ја поттикне заедницата на тиктокери да создава и да ја споделува нивната креативност користејќи фотографии и текст во простор посветен на тие формати.

Не е објавено кога е планирано да биде објавена апликацијата „TikTok Notes“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.