Jапонскиот премиер Фумио Кишида, за време на меѓународна конференција во Токио, најави дека Јапонија ќе обезбеди вкупно 30 милијарди долари помош за Африка во следните три години.

Кишида, преку видео врска, учествуваше на Токиската меѓународна конференција за африкански развој (ТИКАД), која се одржува денеска и утре во Тунис.

Јапонскиот премиер требаше да отпатува во Тунис за да учествува на конференцијата, но беше позитивен на тестот за Ковид-19 и затоа мораше да учествува онлајн. На негово место во Тунис е јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши

Во следните три години ќе инвестираме 30 милијарди долари во развојот на африканските земји – вети јапонскиот лидер и нагласи дека Јапонија на секој начин ќе и помогне на Африка.

Кишида порача дека ќе помогне и во обуката во африканските земји на најмалку 300.000 специјалисти од различни области, како што се земјоделството, здравството, образованието и правото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.