Триесет и тригодишен политичар од Романија е осомничен за силување на 14-годишно девојче, ќерка на негов колега. Девојчето било силувано минатата недела, кога се согласило да влезе во возилото на осомничениот за да ја пренесе до градот.

Како што пишуваат медиумите во Романија, жртвата и осомничениот живеат на иста улица, тој ја познавал уште од нејзиното раѓање.

Не ни замислувајќи што може да и се случи, тинејџерката влегла во неговиот автомобил и со него се упатила до Каракал, неколку километри подалеку, за да купи нешто во градот. Но, на половина пат пријавениот го запрел возилото, ја заклучил вратата и ја нападнал. По грозоморниот чин се обидел да ги отстрани трагите на злосторството, а на девојката ѝ се заканувал со смрт. Како што рекол изворот од истрагата, силувачот и рекол на девојката дека ќе заврши како девојките кои ги убил криминалецот Ѓорѓе Динча.

Преплашена не им кажала ништо на родителите, но бидејќи постојано се тресела, а потоа изгубила свест, тие набрзо дознале што се случило. Случајот веднаш го пријавиле во полиција и „политичарот во подем“ е уапсен, а наводно има и непобитни докази дека го силувал девојчето. На политичарот му е одреден притвор до 30 дена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.