Израел не може да ја докаже вмешаноста на Иран во нападот на Хамас врз израелските воени објекти и населби во близина на Појасот Газа, но има докази за поддршката на Техеран за движењето, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Авичај Адри.
„Немаме доволно информации за да кажеме дека Иран е вклучен во овој процес, но имаме доволно информации да кажеме дека Иран го поддржува движењето Хамас и финансира значителен дел од неговите активности, како и го поддржува со оружје, обука и насоки“, изјави Адри за РИА Новости.
Адри потсети дека Хамас има историски блиски односи со Техеран.
Иранската страна помогна во воената обука на членовите на Хамас и го снабдуваше движењето со оружје, тврди Адри.
Според него, дел од оружјето што го користи Хамас е од иранско производство и членовите на тоа движење поминале обука под иранско раководство или со иранска поддршка.
Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации минатата недела соопшти дека вооружените сили на Исламската Република нема да се вклучат во борба доколку Израел започне копнена операција во Појасот Газа, освен ако Тел Авив не нападне иранска територија.
Во исто време, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Вашингтон нема информации за можното учество на Иран во планирањето или извршувањето на нападите на Хамас врз Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.