Израелската Управа за аеродроми попладнево соопшти дека сите летови што пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се суспендирани поради масовниот ракетен напад од Иран, јави „Тајмс оф Израел“.
Израелската воздухопловна управа соопшти дека е затворен целиот израелски воздушен простор, а сите летови се пренасочуваат на алтернативни дестинации надвор од Израел
И Јордан и Ирак вечерва најавија дека привремено го затвораат нивниот воздушен простор.
Британски новинари наведуваат дека биле сведоци на неколку пресретнувања на проектили во јорданскиот воздушен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.