Првата сопруга на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, Ивана Трамп, починала како последица на повреди на градниот кош, соопштија њујоршките лекари.
Нејзината смрт била случајна, се наведува во соопштението, во кое не се прецизираат околностите.
Доналд Трамп во четвртокот објави дека Ивана Трамп (73) починала „во својот дом во Њујорк“.
Според „Њујорк Тајмс“, истрагата се обидела да утврди дали Ивана Трамп паднала по скалите на својот дом во луксузниот дел на Менхетен.
Ивана Трамп е родена е како Ивана Зелничкова во 1949 година во чехословачкиот град Готвалдово.
Трамп со Ивана има три деца, Доналд Јуниор, Иванка и Ерик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.