Исланд денеска ја затвори својата Амбасада во Москва, со што стана првата европска земја што презеде таква мерка, а во исто време најави дека го засилува своето присуство во Украина.

Сепак, Исланд нагласи дека не станува збор за прекин на дипломатските односи.

Откако ќе се создадат условите, Исланд ќе му даде приоритет на враќањето на активностите на Амбасадата во Москва, се наведува во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи.

Во посебна изјава, Министерството наведе дека Исланд планира да го зголеми своето присуство во Украина како знак на солидарност со Киев, сè додека таму трае „нелегитимната руска агресија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.