Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестински „Исламски џихад“ (ПИЈ), изјави вечерва за „Ал Кудс њуз“ портпаролот на ПИЈ, Мухамед ал Хинти.

Договорот за прекин на огнот го вклучува и ослободувањето на лидерот на „Исламски џихад“, Басем Сади, јави весникот „Џерусалем пост“.

Апсењето на Сади пред неколку дена беше повод за отворени непријателства и конфликти меѓу Израел и ПИЈ, а во петокот Израел ја почна операцијата „Зора“ против оваа палестинска милитантна организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.