Министерството за здравство на Иран одобри употреба на вакцина против коронавирус за деца на возраст од пет до 11 години, пишува Анадолија.

Портпаролот на Комитетот за коронавирус Абас Широзан рече дека е одобрено децата на возраст од пет до 11 години да можат да се вакцинираат со вакцините Синофарм и Пастоковац.

Од Министерството за здравство истакнаа дека вакцинацијата на децата на возраст од пет до 11 години целосно ќе се заснова на одобрение и желби на родителите.

Досега во Иран можеа да се вакцинираат деца на возраст меѓу девет и 12 години. Вакцинирањето на оваа популација започна на 25 јануари.

Иран моментално има вакцини „Синофарм“, „Спутник“, Астра Зенекa, домашна вакцина „Ковиран Берекет“ и вакцина „Пастоковац“, кои ги разви во соработка со Куба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.