Јасно е, рускиот претседател Владимир Путин е решен да го нападне суверенитетот на Украина, инвазијата веќе започна, смета министерот за здравство на Велика Британија, Саџид Џавид.

Се будиме во еден многу мрачен ден за Европа, од тоа што веќе го видовме и разбравме денеска, јасно е, дека Русите, претседателот Путин, се решени да ги нападнат суверениетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет, изјави министерот за Скај Њуз.

Според него, по признавањето на украинските региони, Путин испратил тенкови и војници. – Со тоа може да се заклучи дека инвазијата е започната.

Џавид нагласи дека британскиот премиер Борис Џонсон, денеска ќе му се обрати на Парламентот во врска со ситуацијата во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.