На европските берзи денеска наутро цените на акциите паднаа на најниско ниво во изминатите седум месеци, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошна ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина.

Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции беше во плус 9, отсто во 9.30 часот и падна на најниско ниво во последните седум месеци.

Лондонски „FTSE“ индекс се намали за 0,78 отсто, на 7.426 поени, додека франкфуртски „DAX“ потона за 1,75 отсто, на 14.472 поени, а париски „CAC“ 0,93 отсто, на 6.725 поени.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа, па индексот на акциите на Азија-Пацифик „MSCI“, без јапонскиот, беше во минус од 1,6 отсто околу 9:30 часот.

На токиската берза индексот Никеи се лизна за 1,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 1 и 2,7 отсто.

Берзите остро паднаа поради ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги призна двата проруски региона во источна Украина и и нареди на руската војска веднаш да почне „мировна операција“ таму. Ова предизвика остра осуда од Западот.

Затоа на Волстрит, каде што вчера немаше работа поради празниците, фјучерсот „S&P 500“ индексот е во минус за околу 1,5 отсто.

По овој руски потег, поблиску сме до воена интервенција, што секако носи голем ризик на пазарите. Очекувам зголемена пазарна нестабилност на краток рок, пораст на цените на нафтата и пад на цените на акциите. Инвеститорите ќе бараат засолниште за капитал во побезбедни инвестиции, како што е јапонскиот јен – изјави Карлос Казанова, економист во „UBP“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.