Демонстрантите денеска пред домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим побара негова оставка. Тие бараат оставка од Нетанјаху поради смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври врз Израел, при што загинаа 1.400 луѓе, од кои најголемиот број цивили.На видео снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележи како демонстрантите влегуваат во судир со полицијата пробивајќи една од оградите.

По нападот Израел возврати и постојано напаѓа цели на Хамас во Појасот Газа.

Според палестинското Министерство за здравство досега во израелските напади загинале 9.488 луѓе, од кои 3.900 се деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.