Резултат на кавгата меѓу двајца Индијци е уништено Ламборџини.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа Ламборџини Галјардо целосно зафатено во пламен. Пожарот бил подметнат среде бел ден, а како што информираат од полицијата, дошло до расправија меѓу двајца дилери на половни автомобили.

Немилиот настан се случил во градот Хајдерабад во Индија, недолго по расправијата меѓу двајца продавачи на автомобили. Кавгата, наводно, настанала поради несогласувањата околу провизијата во некои претходни препродажби на автомобили, во кои предност добил  сопственикот на запаленото Ламборџини.

Тој изјавил дека се сретнал со другиот продавач, кој по расправија му го запалил автомобилот среде бел ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.