Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени.

Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица.

Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин.

Надлежните изјавија дека во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Според надлежните оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.