Еден од најбогатите во светот, Илон Макс, го комплетираше купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.

Една од неговите први пораки кои ги напиша на платформата по преземањето беше „Птицата е слободна“, алудирајќи на заштитниот знак на Твитер.

Неколку од досегашните директори на социјалната мрежа, меѓу нив и извршниот директор Параг Агравал, веднаш добија откази.

Со ова се става крај на неизвесноста за тоа дали за купувањето на Твитер ќе се оди на суд, откако милијардерот првично прифати да ја преземе платформата, но потоа се обидуваше да се повлече од процесот.

Еден од инвеститорите за Би-би-си потврдил дека договорот е комплетиран.

Маск рече дека одлучил да го купи Твитер за „да помогне на човештвото“ и дека сака „цивилизацијата да има заеднички дигитален јавен простор“.

Во неговите идни планови за Твитер, Маск напиша дека вклучуваат „X, апликацијата за се“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.