Илјадници лекари специјалисти во Велика Британија денеска стапија во дводневен штрајк, кој ќе трае до сабота до седум часот наутро.

Десетици илјади термини и процедури се откажани поради овој протест, а штрајкот ќе ја чини британската Национална здравствена служба (NHS) милиони евра, пишува „Тајмс“.

„Ќе направиме сè што можеме за да ги сведеме проблемите на минимум, но сепак треба да се очекуваат откажувања на термините и подолги чекања, бидејќи итната помош мора да биде приоритет“, рече извршниот директор на британската Национална здравствена служба, Метју Тејлор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.