Хјуман рајтс воч ја повика Украина да ги почитува правата на руските затвореници според Женевската конвенција и да ја прекине практиката на изложување на тие луѓе во јавноста.

„Украинските власти мора да престанат да објавуваат пораки и видеа од заробените руски војници на социјалните мрежи, особено оние кои биле понижувани или загрозени“, се вели во соопштението.

„Ваквиот третман на затворениците ја нарушува заштитата предвидена со Женевските конвенции“ за меѓународното право, според ХРВ.

Украина објави видеоснимки од руски затвореници и ги изложи на новинарите пред кои беа принудени да изразат жалење, а ваквото инструментализирање беше осудено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој порача дека непријателската војска треба да се третира „достоинствено“.

Организацијата документирала бројни прекршувања на воените прописи и можни воени злосторства за кои одговорност им се припишува на Русите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.