Додека се разгорува војната во Газа, медијаторот Катар соопшти дека шансите за ново примирје меѓу Израел и Хамас се повеќе се намалуваат, но притисокот мора да постои.

Хамас преку соопштение предупредуваат дека ниту еден од останатите 138 израелски заложници нема да излезе од Газа жив се додека не им се исполнат барањата и продолжат преговорите.

Израелската влада е под се поголем притисок од страна на семејствата на заложниците кои останаа во рацете на Хамас, по прекинот на седумдневното примирје. Во меѓувреме, Израел нареди цивилното население да се повлече од Кан Јунис, за да не се најде во средината на тешките борби кои следуваат.

Израелската војска потврди дека неколку милитанти од групата Хамас им се предале во изминатите неколку дена. Според премиерот Нетанјаху, ова претставува „почеток на крајот на Хамас“, дополнително го покажува неуспехот на Хамас и неговата борба против Израел. Уапсените се задржани на распит од страна на израелските разузнавачки служби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.