Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, ги повика денеска муслиманските земји да го „поддржат“ неговото палестинско исламистичко движење во војната против Израел во Појасот Газа, снабдувајќи го со оружје, пренесуваат француските медиуми.

Улогата на муслиманската нација е клучна и дојде време да се поддржи отпорот со оружје бидејќи ова е битка за џамијата Ал Акса, а не само битката на палестинскиот народ, рече Ханија во говорот во Доха и чиј текст им беше даден на медиумите во Појасот Газа.

Француските медиуми пренесуваат дека џамијата Ал-Акса во Ерусалим е трето најсвето место во исламот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.