Палестинските организации Хамас и Исламски џихад ја поздравија Јужна Африка за поднесувањето тужба против Израел пред највисокиот суд на ОН.

Ова е важен чекор кон владата во Израел која е одговорна за војната во Газа, се вели во соопштение на групата Хамас.

Јужна Африка вчера официјално го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа и поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата на ОН (МСП) во Хаг, барајќи прекин на борбите.

Израелските лидери се криминалците на ова време кои ги извршија најужасните масакри што човештвото ги видело во модерната историја, наведуваат од Хамас кој е на власт во Газа.

Израел, преку портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиор Хајат, ја осуди и отфрли жалбата на Јужна Африка.

Јужна Африка соработува со терористичка организација која повикува на уништување на државата Израел, напиша Хајат на палтформата „Х“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.