Kинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека ривалските палестински групи Хамас и Фатах покажале политичка волја да ги продолжат преговорите за помирување во екот на војната во Газа.

Преговорите меѓу Палестонците се воделе во Пекинг.

Тие се согласија да продолжат со преговорите за да се постигне палестинска солидарност и единство што е можно поскоро“, изјави портпаролот на кинеското министерство Лин Џијан на редовен брифинг за новинарите.

Лин додаде дека двете страни му се заблагодариле на официјален Пекинг за неговите напори за „промовирање на палестинското внатрешното единство и постигнале договор за продолжување на дијалогот“.

Двете фракции не успеваат да ги решат политичките спорови откако борците на Хамас го протераа Фатах од Појасот Газа во кратката војна во 2007 година, коментираат светските агенции..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.