Германската Зелена партија соопшти дека нејзиниот ИТ систем бил цел на кибер напад минатиот месец, пренесе Бета.

Хакери упаднале во електронската пошта на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за економија Роберт Хабек.

Но, од партијата велат дека тие налози не ги користеле активно од јануари.

Вкупно 14 налози се компромитирани на таков начин што некои мејлови се препратени на адреси надвор од партијата, се вели во соопштението на Зелените.

Ова го потврди пишувањето на неделникот Шпигел. Во текстот на неделникот се додава дека има индиции дека нападот дошол од Русија, но од партијата ниту потврдиле ниту демантираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.