Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека се работи на план за евакуација на цивилите кои се наоѓаат во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

Станува збор за многу сложена операција, со која начелно се согласи и претседателот на Русија, Владимир Путин, а договорено е деталите да бидат усогласени на состаноците кои во моментов се во тек – изјави Гутереш, пренесува „Би-би-си“.

Според Гутереш, операцијата е особено деликатна бидејќи во неа се вклучени луѓе кои не се во своите домови или јавни места, туку се наоѓаат во бункери во драматични услови.

Нашата цел е да ги евакуираме тие луѓе што побрзо, но јасно е дека прво мора да се обезбедат сите услови за тоа – вели Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.