Финска ќе го продолжи затворањето на границата со Русија, што требаше да заврши на 15 јануари, изјави министерот за земјоделство и шумарство Сари Есаја за националната телевизија ИЛЕ.

Границата ќе остане затворена, рече Есаја на прашањето дали таа ќе биде затворена уште еден месец.

Финските медиуми претходно денеска известија дека владата ќе ја продолжи мерката.

Финска ја затвори својата руска граница кон крајот на минатата година за да спречи зголемен број баратели на азил да влезат во нордиската земја и рече дека Москва го организирала приливот, обвинение што Кремљ го негира.

Околу 900 баратели на азил од земји како Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен влегле во Финска од Русија во ноември, што е голем пораст од помалку од еден на ден во претходниот период, според финските граничари. ссм/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.