Голем пожар денеска избувна во болницата „Ганди“ во Техеран, јавија локалните медиуми, прикажувајќи снимка од пожарот кој ја зафатил едната страна од зградата. Портпаролот на противпожарната служба во Техеран, Џалал Малаки, објави дека пожарот избувнал во 19 часот по локално време и дека на местото на настанот се испратени пожарникари, пренесува Ројтерс.

Не се знае дали има жртви или повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.