Во украинскиот Парламент денеска за последен пат се обрати главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова, која неодамна беше разрешена од украинскиот претседател.

Дали претседателот имаше право да донесе таква одлука? Да, претседателот има право на тоа. Верувам дека војникот во рововите не треба да ги доведува во прашање одлуките на своите претпоставени. Мораме да бидеме пообединети од кога било, изјави Венедиктова во парламентот, кој денеска го потврди нејзиното разрешување.

Уште еднаш ве потсетувам. Нашите луѓе ги убиваат, како војниците така и цивилите, исто како и децата. Имаме шанса за идните генерации. Наша заедничка задача е да не ја потрошиме таа шанса. Победата мора да дојде што е можно поскоро – рече разрешената обвинителка.

Сега веќе поранешната главна обвинителка нагласи дека е „горда“ на работата што ја направи и го повика нејзиниот наследник да ги следи нејзините стапки, особено во истрагата и гонењето на воените злосторства извршени од Русија за време на инвазијата врз Украина.

Треба внимателно се гледаат и следат сите оние никаквеци кои силуваа, убиваа деца, пукаа во цивилни згради и да се изведат пред лицето на правдата. Имаме мобилни тимови на терен, тие вклучуваат голем број експерти од различни области, имаме докажана методологија. Важно е да продолжиме во таа насока -истакна Венедиктова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.