Гласајте кај Маск на профил: Кој е за враќање на Трамп на Твитер

Свет 19.11.2022 / 20:31

Новиот сопственик на Твитер, милијардерот Илон Маск, на социјалната мрежа започна анкета за враќање на профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Маск покрена анкета во која побара од корисниците на Твитер да гласаат дали профилот на Трамп на социјалната мрежа, која беше затворена од претходните сопственици на компанијата, треба да биде вратен.

Првите резултати од анкетата, која започна синоќа, покажуваат дека околу 60 отсто од оние што се изјасниле гласале ЗА, пренесува Ројтерс.

„Vox populi vox dei“, напиша Маск во објавата на Твитер, латинска изрека што значи „гласот на народот е гласот на Бога“.

Гласањето е отворено 24 часа, а новиот сопственик на Твитер во мај изјави дека ќе ја поништи „забраната на Трамп на социјалната мрежа, чиј профил беше суспендиран по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести