Американскиот претседател Џозеф Бајден (80) примил уште една доза од вакцината против корона вирусот, како и годишната вакцина против сезонскиот грип.
Како што влегуваме во сезоната на настинки и грип, претседателот ги охрабрува сите Американци да го следат неговиот пример“, изјави личниот лекар на Бајден, Кевин О’Конор.
Во САД минатата недела беа одобрени ажурирани верзии на вакцините од „Фајзер“ и „Модерна“, кои се подобро прилагодени на варијантите на вирусот што моментално се во оптек.
Бројот на хоспитализации поврзани со корона вирусот во САД се зголеми во последните недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.