Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц за прв пат откако тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажа истражувањето на јавниот телевизиски канал „ЗДФ“.
Педесет и еден процент од испитаниците на истражувањето изјавија дека не се задоволни од работата на канцеларот.
Само 43 отсто од испитаниците посочиле дека се задоволни од работата на Шолц на чело на коалицијата меѓу неговата централно-левичарска СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 6 отсто се неопределени.
Во средата, владата на Шолц не успеа да усвои закон со кој се нудат корпоративни даночни олеснувања во вредност од милијарди евра, откако беше ставено вето од министерот на Зелените, кој бара милијарди евра дополнителни пари за детски бенефиции.
И покрај наодите од истражувањето, Шолц останува вториот најпопуларен политичар во Германија зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.